28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Алан Шќуриќ-Маркетинг директор, Атлантик Група, Стратешка бизнис област Кафе

Интервју со Алан Шќуриќ-Маркетинг директор, Атлантик Група, Стратешка бизнис област Кафе

Alan-Scuric-nova

Денар: Завршивте факултет во Загреб, а искуства стекнувавте во интернационалните компании Данон и Дукат, а сега Атлантик Група. Со кои вредности на Атлантик Група највеќе се идентификувате?

Препознавање и прилагодување на модерните трендови на современиот начин на живот, свеж поглед на бизнисот, напојување со голема креативна и животна енергија и ентузијазам се суштинските вредности кои Атлантик Група и јас ги препознавме еден во друг.Мојот маркетинг тим што работи за СБО Кафево Атлантик Група го сметам за двигател на иновациите на пазарот на кафе, кој носи извонредност во управувањето и подигнувањето на квалитетот на целата категорија во регионот. Ете, тоа е таа вредност, таа енергија со која зрачите и такви нешта  и привлекувате.

Денар: Какви се вашите очекувања за иднината, што највеќе влијае на Гранд кафето на пазарот?

Довербата која Гранд кафе и Баркафе ја изградија кај своите потрошувачи е резултат на континуирано исполнување на ветувањата низ иновации (во вкусот и во пакувањето) и секако унапредување на комуникацијата.

Во таа приказна наш главен адут е константниот квалитет, иновативноста и подготвеноста, односно способноста брзо да се прилагодуваме на пазарот и на трендовите. Кафето е берзански производи затоа е подложно на промени, што произлегуваат од реални показатели, односно климатски промени или шпекулации. Кога ја споредуваме цената на суровото кафе, тоа ниту една година не е исто како претходната, но благодарејќи на нашите стратешки насоки, низ рационализација на работењето, управување со трошоците и оптимизација на деловните процеси на сите нивоа, ги „баферираме“ макро и микро економските влијанија врз нашите лојални потрошувачи.

И покрај предизвиците во Македонија успешно работиме и веќе долги години суверено ја чуваме својата лидерска позиција во категоријата традиционално кафе. Јасно е дека со квалитетот треба да се управува според единствен стандард на сите пазари, бидејќи македонските потрошувачи и нивните очекувања нималку не се разликуваат од очекувањата на останатите потрошувачи во регионот.

Кога зборуваме за трендовите, овде светските трендови се прифаќаат споро и внимателно, па продажбата на традиционално кафе во регионот, во однос на инстант кафињата и натаму го држи лидерското место.

Денар: Каква беше 2015, дали ги исполни очекувањата и што уште може да нй приреди Гранд финалето?

Атлантик Група, освен најголемиот погон во Белград каде се произведува Гранд Кафе, има погони и во Скопје, во Главичице (Бјелина) и во Изола каде се произведува Баркафе, што ја позиционираше Атлантик Група како најголем производителна кафе во Адриатик регионот. Во првите шест месеци од оваа година, кафето учествуваше со 19,3% во вкупните приходи од продажба и се истакнува како најголема поединечна категорија со остварени 64,1 милиони евра приходи од продажба. Иако, во основа 2015 е година со големи предизвици и во макро и во микро економското опкружување, Атлантик Група сепакбележи раст во тотал од 3,5% во однос на истиот период минатата година. Ниската куповна моќ, негативните пазарни движења во повеќето категории во регионот, агресивната ценовна конкуренција… сé тоа придонесе максимално да ги активираме сите елементи на маркетинг миксот како би ја стимулирале продажбата и би ги исполниле зацртаните планови.

Денар: Колку мирисот и вкусот на Гранд кафе се смени од времето кога се појави на пазарот до денес?

Од самиот почеток со внимателно следење на желбите и очекувањата на своите потрошувачи,Гранд кафе настојувашеда изгради оригинална рецептура и со текот на годините да го сочува својот препознатлив мирис и вкус. Грижата за квалиетот на нашето кафе почнува од самата плантажа, со селекција на најдобрите зрна кафе. Потоа следи мелењето и пакувањето кои овозможуваат да се задржи свежината и сите природни својтва на оваа ароматична билка. И тоа е квалитет што потрошувачите го препознаваат, особено во време на криза, кога уште повнимателно се води грижа за тоа што добиваат за своите пари. Благодарејќи на својот оригинален концепт, Гранд кафе веќе со години суверено ја чува лидерската позиција на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, со континуирани иновации.

Последниот пример е лансирање на Гранд Black’n’Easy кафето, првото турско кафе кое се подготвува на брз начин. Иновативно и практично, ова кафе е наш оригинален производ кој успеа да ги спои различните трендови: уживање во традиционалното турско кафе и едноставната подготовка.

Денар: Дали во време на криза е намалена потрошувачката на кафе или потрошувачите во регионот не се откажуваат од својот омилен напиток?

Овој регион е познат го голема годишна потрошувачка на кафе по жител. Денот почнува со јако, црно кафе и секој има некој со кој ќе испие барем една шоља во текот на денот. Затоа Гранд кафе, како и Баркафе е присутно во секоја смисла во животот на секој потрошувач во регионот. Босна и Херцеговина на пример имаат најголема потрошувачка по глава на жител, а пакувањето од половина килограм е најпродавано како никаде на друго место на Балканот. Српскиот пазар е најдинамичен, а конкуренцијата многу јака. На исклучителна доминација на традиционалното кафе во целиот регион укажува и податокот дека од вкупната потрошувачка од 25.000 тони, традиционалното кафе е застапено со 92%. Помладата популација во регионот исто така го преферира традиционалното кафе, на што укажуваат и нашите истражувања меѓу студентите, кои често пијат традиционално кафе кога подготвуваат испити. На тој начин се креира навика која останува и подоцна, а секако не може да се занемари и економскиот момент, бидејќи традиционалното кафе, мерено во шољи е поефтино од останатите.

Alan-Scuric-golema

Денар: На почетокот на ова лето, го пласиравте новото Black & Easy Гранд кафе. Како реагираа потрошувачите?

Како лидер, Гранд кафе има и обврска и задоволство своите потрошувачи континуирано да ги запознава со нови производи, нови вкусови, но ида ги мотивира за усвојување на нови навики. Заради брзото темпо со кое живееме трендовите во производството и пакувањето се повеќе во фокус ги ставаат производите кои ги карактеризира практичност. Пратејќи ги трендовите, Гранд кафе на своите потрошувачи им понуди алтернативно решение токму со Гранд Black’n’Easy кафето со брза припрема, прилагодена на времето и условите во кои живееме. Кога Гранд кафе влезе во домовите на потрошувачите, носејќи ја со себе свежината на мирисот и полниот вкус, знаевме дека го имаме вистинскиот рецепт за блискост со нашите потрошувачи кои во традиционалното кафе сакаат да уживаат на нов, брз начин. Гранд Black’n’Easyкафето после Србија и Босна наскоро доаѓа и на македонскиот пазар и еве ова нека биде ексклузивна најава на овој наш револуционерен производ, кој верувам дека веднаш ќе ги освои современите љубители на традиционалното кафе во Македонија. Во Хрватска и во Словенија истиот концепт го лансиравме со Баркафе Black & Easy.Сепак, секогаш има уште многу простор за унапредување и Гранд кафе веќе подготвува нови, оригинални концепти, бидејќи вложување во квалитетот е најважната инвестиција која долгорочно се исплати и вредност која потрошувачот без исклучок ја препознава.

Денар: Кои теми го побудија вашиот интерес во последно време?

Темата со која професионално се занимавам, а посебно во последно време е како успешно да се комуницира со потрошувачите во денешното динамично опкружување. Окупиран сум и со припремите за полумаратонот кој сакам да го истрчам како личен предизвик, но и на тој начин да придонесам кон успехот на Атлантик тимот, бидејќи негувајќи ги нашите корпоративни вредности имаме проект за промоција на здравиот начин на живот: Body and Mind Opportunity to be fit – освен тимот што трча, континуирано го промовираме спортот низ различни иницијативи фокусирани кон здравје и дружење, а последната е – Walk & Ride to Work која ги повикува вработените да пешачат или да возат велосипед до работа и воедно да се натпреваруваат кој повеќе километри ќе прејде. Секако дека тоа важи и за вработените во Македонија.

Денар: Кој е вашиот„lovemark, вашиот омилен бренд?

Па ако зборуваме за брендовите кои навистина ги сакам, можам да наведам неколку светски бреднови кои ги фаворизирам, не само од перспектива на корисник, него и професионално анализирајќи го нивниот настап и она што ги разликува од конкуренцијата – „Nike“ (одличен развој на апликации кои го следат потрошувачот додека ги користи нивните производи), „Apple“ (фасциниран сум како со фокус кон желбата на потрошувачите успеаа да направат револуција во модерната технологија, особено во телефонијата), „Ducati“ (покрај тоа што сум горд сопственик на „Ducati“, деловно имаат развиено добар менаџмент за односи со потрошувачи, »Ducati club« – со покани на разни настани, тренинзи, информирање за акции и поволности, новости…)

Денар: Кое кафе вие го пиете, како се релаксирате?

Дома пијам Гранд турско кафе, а Баркафе еспресо кога сум излезен. Се релаксирам со дружење со пријателите во природа, а патувањето на планина или на море најмногу ме опушта и ме враќа во рамнотежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП