28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle има ново лого (фото+видео)

Google има ново лого (фото+видео)

n google

„Google“ го откри новото лого за своите главни услуги поврзани со својот пребарувач, пишува „BBC“.

Промената е во правописот на буквите кои го формираат едно од најпознатите шарени логоа во светот.

Од компанијата најавија дека промената била неопходна, бидејќи во моментов луѓето го користат „Google“ на многу мобилни уреди, а не само на персонални компјутери.

Трансформацијата доаѓа откако „Google“ префрли голем дел од своите единици под капата на новата холдинг компанија „Alphabet“.

Од „Google“ објаснија дека новото лого има мноштво варијации кои ќе бидат соодветни за екраните со различни големини преку кои луѓето уживаат до пристап на „Google“ и неговите услуги.

n google1

Покрај целосното лого со името на компанијата, таа планира да користи четири точки во боите сина, црвена, жолта и зелена боја, како и буквата „G“ која ќе ги вклучуваат истите бои.

Интернет гигантот ја најави промената на својот официјален блог и покажа серија од анимирани „GIF“ датотеки како се случува сето ова. „Google“ изјави дека новото лого е „едноставно, уредно, обоено и пријатно“, што на најдобар начин ја претставува компанијата.

Последниот пат, во кој компанијата го освежи своето лого, беше во септември 2013-та година, но ова е најголемата во последните 16 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП