25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБелгиецот официјално е нов член на „граѓаните“

Белгиецот официјално е нов член на „граѓаните“

bruin 33

Манчестер Сити официјално го финализираше трансферот на белгискиот полудефанзивец Кевин де Бруин од тимот на Волфсбург.

Се уште не е позната вредноста на договорот меѓу двата клуба, но според англиските медиуми „граѓаните“ ќе платат околу 80 милиони евра за неговите услуги. Договорот на 24-годишниот играч со англискиот тим истекува во 2021-ва година.

Ова е четврто ѕвездено засилување на „небесносините“ во текот на овој преоден рок, откако претходно во своите редови ги доведоа Рахим Стирлинг, Фабијан Делф и Николас Отаменди.

bruin 35

Де Бруин играше за Волфсбург близу една и пол година, а кај „волците“ пристигна од Челзи со трансфер за околу 23 милиони евра. Со тимот тој го освои Купот на Германија и Суперкупот на земјата.

Белгиецот беше избран и за играч на сезоната во Бундеслигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП