18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTivoli доби дизел мотор

Tivoli доби дизел мотор

tivoli 333

„SsangYong“ ја прошири палетата на мотори на компактниот кросовер „Tivoli“ со нов 1,6-литарски дизел турбо мотор. Од компанијата откриваат дека новиот агрегат одговара целосно на еколошките барања „Euro-6“.

Моќноста на новиот агрегат е 115 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 300 Нм. Моторот може да работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач, како и со автоматски менувач со ист број на брзини.

tivoli 334

Новиот „Tivoli“ е помал од познатиот модел на марката – „Actyon“, а припаѓа во „B“ сегментот на кросовери. Од компанијата-производител се категорични дека багажникот на нивниот модел е поголем од оној на повеќето конкуренти – 423 литри.

Досега моделот беше достапен само со бензински мотор со зафатнина од 1,6 литри, кој развиваше 128 КС и 160 Nm вртежен момент. Кросоверот се нуди во две верзии, кои се со различна задна суспензија.

tivoli 335

Кросоверот „Tivoli“ е првиот заеднички модел на „SsangYong“ и индиската „Mahindra & Mahindra“, а неговото создавање траело 42 месеци и чини 280 милиони евра. Претстои на пазарот да се појави и поголема модификација која ќе располага со 7 места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП