29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова се повлече од УС Опен

Шарапова се повлече од УС Опен

maca sara 33

Руската тенисерка, Марија Шарапова, поради повреда на ногата се повлече од годинешното издание на Отвореното првенство на САД.

Шарапова, која на УС Опен беше постaвена за трета носителка нема настапено на ниту еден турнир уште од Вомблдон.

„За жал нема да можам да се натпреварувам на УС Опен оваа година. Се обидов да се рехабилитирам, но немав доволно време. Ќе се вратам на терените за азиската турнеја“, напиша Шарапова на социјалните мрежи.

Местото на Шарапова ќе го пополни нејзината сонародничка Дарја Касаткина, која во првото коло ќе игра против Дарја Гаврилова.

Последниот Грен слем во сезоната ќе започне денеска, а титулата во женска конкуренција ќе ја брани Серена Вилијамс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП