23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Египет откриено најголемото наоѓалиште на гас во Средоземјето

Во Египет откриено најголемото наоѓалиште на гас во Средоземјето

gas-naogalishte-gasot-gas

Италијанската енергетска компанија ENI објави во неделата дека го открила најголемото наоѓалиште на земјен гас во Средоземјето во египетските територијални води, на длабочина од 1.450 метри.

Наоѓалиштето Зор 1Х би можело да содржи 850 милијарди кубни метри гас, што е еквивалентно на 5,5 милијарди барели нафта, во сектор со површина од сто квадратни километри, оценува компанијата ENI во соопштението, додавајќи дека станува збор за „едно од најголемите наоѓалишта на гас во светот“.

Египетското министерство за нафта го потврдило ова откритие, додавајќи дека истражувањето на гасното поле ќе трае четири години.

Извршниот директор на ENI, Клаудио Дескалци, неодамна го посети Каиро за да го извести египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за овој голем успех и да разговара за откритието со премиерот Ибрахим Малаб“, се додава во соопштението на италијанската компанија.

„Ова е најголемото пронаоѓање гас во историјата на Египет и на Средоземното Море, истакнуваат од ENI, додавајќи дека тоа би можело да биде „една од најголемите резерви на природен гас во светот“.

Италијанците истакнуваат дека ова наоѓалиште би можело да ги задоволи потребите на Египет од гас за следните неколку децении.

Италијанската енергетска компанија ENI има целосни концесиски права за оваа област и е најголемата странска енергетска компанија во Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП