19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски: Индустриската зона Василево една од најуспешните

Груевски: Индустриската зона Василево една од најуспешните

gruevski-vasilevo-vassss

Индустриската зона Василево е една од најуспешните изградени во општините во државата согласно препораките на Владата во секоја општина да биде изградена индустриска зона поради привлекување инвестиции и отворање нови работни места, оцени во неделата премиерот Никола Груевски во текот на неговата посета на индустриската зона во Општина Василево.

„Продадени се 77 парцели на кои веќе се изградени стопански објекти кои функционираат. Во зоната има преостанато уште десет локации за кои веќе се издадени градежни дозволи, а останати се уште две до три непродадени“, прецизираше Груевски.

Премиерот во неделата беше во посета и на една од компаниите лоцирана во зоната „Евромак“ која функционира како откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи кои ги пласира на европските пазари.

„Компанијата има добиено два проекта од ИПАРД програмата за набавка на ладилници и извезува земјоделски производи во поголем број држави во вредност од четири до пет милиони евра годишно, што е значајно за овој крај и за индивидуалните земјоделци“, рече Груевски.

Додаде дека во разговорот со градоначалникот на Василево, Ване Стојанов, бил запознаен дека се планира зоната наскоро да се прошири поради големиот интерес на компаниите за инвестирање и проширување на своето производство во рамки на споемнатата индустриска зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП