20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat-Chrysler подготви 6 нови модели

Fiat-Chrysler подготви 6 нови модели

fca pp

Раководството на Алијансата „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) организираше затворена презентација на шест свои нови модели, кои биле прикажани на дилерите на брендот во САД, објави „Automotive News“.

Меѓу новитетите се кабриолет со брендот „Dodge“, кој ќе го добие името „Baracuda“, како и следната генерација на седанот „Charger“. За „Baracuda“ е познато само дека е изграден на шасијата со заден пренос на седанот „Alfa Romeo Giulia“, кој беше прикажан во јуни.

Истата платформа е во основа и на новата генерација на „Charger“. Според информациите моделот е изграден во стилот на концептниот „Charger RT“ прикажан во 1999-та година. Според дилер кој присуствувал на средбата, новата генерација на седанот личи на „Chevrolet Corvette“ со четири врати.

За време на манифестацијата бил прикажан и ревитализиран теренец „Jeep Grand Cherokee Wagoner“. Тој е изграден на модернизирана платформа на стандардниот „Grand Cherokee“, а добил три реда седишта.

Дилерите на Алијансата виделе и „надуена“ верзија на „Grand Cherokee – Trackhawk“, кој е опремен со 6,2-литарски V8 мотор со компресор. Моќноста на моторот „Hellcat“ е 717 КС, а со него теренецот забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди.

Не се пропуштени и италијанските модели. Меѓу нив е првиот кросовер на „Alfa Romeo“, како и родстерот „Fiat 124 Spider“, кој е изграден врз основа на новата генерација „Mazda MX-5“. Моделот бил прикажана во топ верзијата „Abarth“, која се потпира на 1,4-литарски турбо мотор со 200 КС.

Лично шефот на Алијансата, Серџо Маркионе го запознал подредените со новите модели. Тој им објавил на дилерите дека најверојатно „Fiat Chrysler Automobiles“ наскоро ќе се соедини со друг голем производител, но тоа нема да влијае на брендовите на концернот. Според Маркионе до 2018-та година, „FCA“ ќе претстави на пазарот дури 30 нови модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП