19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот државен фонд изгуби 40 милијарди за еден месец

Најголемиот државен фонд изгуби 40 милијарди за еден месец

nfond 33

Норвешкиот државен инвестицонен фонд, кој е и најголемиот во светот, регистрира сериозни загуби како последица на нестабилноста на берзите.

Во изминатиот месец, Фондот со средства во вредност од 840 милијарди долари, изгуби над 5% од нив или речиси 40 милијарди долари, според информациите на Извршниот директор Ингве Слингстад, цитиран од „Bloomberg“.

Веста целосно логично доаѓа по сериозниот пад, регистриран од кинескиот главен индекс.

„По неколку години на лобирање, Фондот доби во почетокот на годината квота да ги подигне своите инвестиции во кинеските акции класа А од 1.5 на 2.5 милијарди долари. Тој ќе има инвестиции од околу 27 милијарди долари во Кина и Хонг Конг кон крајот на минатата година “, коментира Слингстад.

Напорите на Слингстад ​​кон зголемување на изложеноста кон Кина била поврзана со обидите да се „фати“ во поголема мера превземената презентација на кинеската економија. Покрај тоа, фондот има дополнителна загуба од 8,7 милијарди долари во вториот квартал на годината, што е првиот негативен финансиски резултат во последниве три години. Намалувањето на вредноста на јуанот иницира ново намалување од над 20% за кинеските индекси, што се очекува да доведе до понатамошни загуби за фондот и во овој квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП