29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската црква има решение: Ние ќе го храниме народот!

Руската црква има решение: Ние ќе го храниме народот!

ru manastir

Манастирските домаќинства планираат во руските градови да испорачуваат моцарела, риба, зеленчук и други производи, пишуваат руските медиуми.

Според податоците, манастирите веќе започнале да го зголемуваат својот асортиман на сирења, вклучувајки ги и врстите како што се моцарела, рикота, качота. Тие почнале да се занимаваат и со одгледување на риба и ја прошириле обработливата површина на која садат зеленчук.

Од весникот „Известија“ разговарале со отецот Ефрем Мухиним од Валамскиот манастир во Карелија. Според неговите зборови, по воведувањето на санкциите против Русија, манастирските домаќинства започнале да произведуваат повеќе видови производи, вклучувајќи и пастрмка.

Отец Ефрем наведува дека порано манастирската пастрмка доаѓала до рафтовите во продавниците со Санкт Петерсбург и Мурсманската област преку посредници кои се занимавале со преработка на риба. Сега Валамскиот манастир планира да изгради сопствени погони за преработка кои ќе овозможат производите да бидат испорачани директно на пазарот.

Според мислењето на свештеникот, руските производи ќе станат повторно конкурентни. Пред санкциите било доста попрофитабилно да се купува во странство, поради што многу манастири намерно го намалувале производството.

Според зборовите на свештеникот Роман Багдарсов, манастиските домаќинства ја обновуваат традицијата да им помагаат на луѓето преку производство на храна во тешки времиња.

Багдарсов наведува дека манастирите можат да го дадат својот допринос во процесот на замена на производите од странство. Досега тие, вообичаено, своите производи ги продавале на локалните жители и не заработувале од големите трговски ланци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП