24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали „кршењето“ прсти е лошо или добро? (видео)

Дали „кршењето“ прсти е лошо или добро? (видео)

prsti pukanje 022222

Веројатно многу пати досега сте слушнале совет дека не би требало да ги „кршите прстите“, затоа што со тоа им нанесувате голема штета која ќе биде видлива тек во годините кои следат. Дали е тоа точно?

Во нашите зглобови се наоѓа синовијална течнст која служи за подмачкување. Научниците веруваат дека она што го предизвикува пукањето се мали меурчиња воздух кои постојат во течноста. Сепак оваа година успеаа да докажат дека таа теорија не е точна.

Оваа година за прв пат е направена ренгенска снимка како изгледа пукањето на прстите.

Тоа можете да го видите на 0:44 секунди на видеото, а добрата вест е дека научниците утврдиле дека при пукањето на прстите ништо не е скршено, ниту оштетено.

И ситуацијата од 2015-та година го потврдува истото. Во истражувањето учествувале 215 лица, од 59-80 годишна возраст. Научниците ги следеле 5 години и утврдиле дека не постои никаква врска помеѓу пукањето на прсти и артритисот, како што се верувало до сега.

Затоа, нема за што да се грижите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП