25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony ќе го претстави првиот смартфон во светот со 4K дисплеј?

Sony ќе го претстави првиот смартфон во светот со 4K дисплеј?

sonka 333

Ако гласините се вистинити, јапонскиот производител на паметни телефони „Sony“ се подготвува да претстави три нови уреди за време на саемот за електроника во Берлин, кој ќе стартува во почетокот на следниот месец.

Едниот од нив се очекува да е моделот „Xperia Z5“, кој се очекува да е со 5.5-инчен екран со резолуција од 3840 x 2160 пиксели и 808 точки по инч. Ако ова е точно, ќе бидеме сведоци на првиот паметен телефон во светот со ваква резолуција (се разбира и ако најавениот модел со сличен приказ на кинескиот производител„ ZTE“ – „ZTE Star 3“, нема своја премиера).

За време на саемот „Sony“ се очекува да го претстави моделот и во уште две варијанти – едната со 4.6 инчен екран со резолуција од 780 пиксели, а другата со 5-инчен дисплеј и резолуција од 1080 пиксели. Според информациите, сите верзии на моделот ќе се нудат со сензор за отпечатоци, што е логично во предвид можностите обезбедени од следниот оперативен систем „Android 6.0 Marshmallow“, кој ќе обезбедува природна средина за оваа карактеристика.

Гласините покажуваат уште дека моделите ќе се појават со подобрена камера со побрз автофокус и 23-мегапиксели сензор. Другата впечатлива карактеристика кај моделот се очекува да биде исклучително моќната батерија од 4.500 mAh.

За споредба, моделот „Xperia Z3“ беше одреден од многу публикации како смартфонот со најиздржлива батерија кај моделите од највисоката класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП