29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Сингапур се помалку Сингапурци

Во Сингапур се помалку Сингапурци

singapur 30303

Во земјата која важи за симбол на економскиот развој, Сингапур, сепак не е се така бајковито, меѓу Сингапурците има се поголемо незадоволство поради политичките ограничувања, се побројната странска работна рака и скапиот живот.

Во Сингапур има се помалку Сингапурци. Повеќето од медиумите се под контрола на компаниите кои се поврзани со државата, а неколкуте независни портали се ограничени со строги закони за клевети кои властите често ги користат за замолкнување на критичарите. На листата на „Репортери без граници“, Сингапур оваа година по слобода на медиумите е на 153-то место, од 180 земји.

Сингапур денес е помеѓу најскапите градови на светот, но и со најмала корупција благодарејќи на строгите закони, но и фактот дека членовите на владата имаат исклучително високи плати, па и најмалата корупција за нив е голем ризик да изгубат се.

Се проценува дека до 2030-та година Сингапур ќе има од 6,5 до 6,9 милиони жители, од кои половината ќе се странци.

Владеачката партија, на минатите избори во 2011-та година освоила 60 проценти од гласовите и 80 од 87 места во парламентот, што е нејзин најслаб резултат од стекнувањето на независност. Во септември ќе бидат одржани нови парламентарни избори.

Сингапур неодамна одбележа 50 години независност со голема свеченост и грандиозна парада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП