28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе го претстави новиот iPhone на 9-ти септември

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 9-ти септември

pokana 939000

Гласините се потврдија! „Apple“ ќе организира настан на 9-ти септември во Сан Франциско, за време на кој се очекува да го претстави новиот „iPhone“ модел и нов сет топ бокс „Apple TV“.

Поканите за настанот биле пратени вчера. На настаните кои „Apple“ ги организира во септември, обично се претставуваат новите модели на „iPhone“.

Технолошкиот гигант се очекува да ги претстави моделите „iPhone 6S“ и „6S Plus“, врз основа на имињата дадени на претходните модели. Според очекувањата новиот „iPhone“ ќе има 12-мегапикселна камера. Се очекуваат и подобрувања во дигиталниот асистент „Siri“.

Настанот на „Apple“, што ќе се одржи во „Bill Graham Civic Auditorium“, доаѓа во особено важен момент. Акциите на компанијата поевтинија по распродажбата на Волстрит во позадина на загриженоста околу долгорочните изгледи пред компанијата, најмногу во Кина. Во САД и Европа има презаситеност на продажбата на паметни телефони, а истото започнува да се случува и во Кина, која е најголемиот пазар на паметни телефони во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП