19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие работи мора да ги знаете доколку се преселите во Германија

Овие работи мора да ги знаете доколку се преселите во Германија

z germanija

Во време кога некои граѓани ја напуштаат својата татковина во потрага по подобар живот, Германија ја сметаат за „ветена“ земја.

Но животот во Германија е далеку од „мед и млеко“, најпрво поради фактот дека треба да се прилагодат на новата култура, јазик, правила на однесување и многу други работи.

Доколку планирате да живеете во Германија, според  „Business Insider“ ова се 7-те работи кои мора да ги знаете :

1. Учењето на јазикот е многу важно.

Иако се повеќе Германци говорат англиски јазик, се уште може да ви се случи во најголемите градови да наидете на луѓе кои говорат само Германски. Затоа многу е важно да го научите јазикот, а денешните бројни школи за странски јазик и „on-line“ курсеви ви ја олеснуваат работата.

z germanija1

2. Германците сакаат велосипеди

Германската сообраќајна инфраструктура е полна со велосипедски патеки, а всушност велосипедот е и најпрактичното и најефтиното превозно средство кое можете да го користите кога ќе се преселите во поголем град. Покрај тоа, велосипедизмот е здрав!

3. Готовина наместо картички

За разлика од другите земји, во Германија главно се плаќа со готовина. Многу лесно може да се случи во рестораните да не примаат картички, затоа секогаш со себе имајте готовина.

z germanija2

4. Електронска музика

Иако многумина тоа го сметаат за стереотип, Германија е позната по електронската музика и техното. Дури и во малите клубови таков тип на музика се пушта еднаш во неделата, а кога е вистинса атмосферата, тешко дека ќе одолеете на танц на силен ритам.

5. Храна

Иако многу мислат дека Германија е ограничена на колбаси и пиво, тоа никако не е вистина. Германија е позната по многу интернационани ресторани, како турски, италијански, кинески, мексикански, американски и слични.

6. Одлични газирани пијалоци

Германија нуди голем број квалитетни газирани пијалоци, а во текот на летото особено освежува пијалокот „Diesel“ – комбинација од кока кола и пиво, а тука е и германскиот бренд „Fritz Cola“. Германците исто така често пијат и „Spezi“ – комбинација од кока кола и фанта.

z germanija3

7. Се се рециклира

Во Германија веќе со години постои пракса за групирање на отпадот, па така се рециклира скоро се, а отпадот се сортира по категории – хартија, стакло, пластика итн. Германците се познати по својата безпрекорна дисциплина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП