19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието изгласа неколку закони од областа на земјоделието

Собранието изгласа неколку закони од областа на земјоделието

pratenici 3305

Пратениците во македонското Собрание денеска дадоа поддршка за неколку закони од областа на земјоделието.

Со измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој се воведуваат две нови мерки кои се од областа на субвенционирањето на каматите на кредитите одобрени од ИПАРД Програмата и кофинансирањето на банкарските гаранции кои имаат за цел да го поттикнат искористувањето на средствата од инструментот на претпристапната помош во земјоделството и руралниот развој.

Преку овие измени се предвидува да бидат обештетени правните и физичките лица кои не се корисници на средства односно не се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, а претрпеа огромни штети од поплавите кои ја зафатија Македонија оваа зима.

Со одлуката за утврдување дополнителна помош е утврдено таа да биде со максимална висина од 100% од утврдената загуба на приходи од продажба на земјоделски растенија, животни на земјоделски имот, како и штети на стакленици и пластеници.

Исто така со измените на Законот за земјоделство и рурален развој се предвидува да се намалат трошоците на потенцијалните корисници на средствата од ИПАРД програмата, кои користат кредити чија каматна стапка досега изнесуваше од 5 до 8% на годишно ниво. Со новите мерки за субвенционирање на каматната стапка се овозможува нејзино намалување кое би го плаќал корисникот на поддршката и би изнесувала максимални 5% на годишно ниво, а во одредени случаи и пониско доколку банките ги намалат каматните стапки наменети за инвестиции од ИПАРД Програмата.

Пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразија задоволство од измените.

Сакаме да кажеме дека со овие измени во Законот за земјоделство и рурален развој се излегува во пресрет и дополнително се помага на сите оние земјоделци кои претрпеа огромни штети од поплавите кои ги зафатија и ги уништија нивните посеви кои за нив претставуваат единствена егзистенција. Истовремено овие измени ќе придонесат за подобар развој и услови на македонското земјоделство во целост и македонскиот земјоделец, како и ќе се поттикне претприемништвото во земјоделството и ќе се зголеми конкурентноста на земјоделските производи, велат од владејачката партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП