25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААктивностите за изградба на пречистителна станица во Прилеп се одвиваат според предвидената...

Активностите за изградба на пречистителна станица во Прилеп се одвиваат според предвидената динамика

pre stanica prilep

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска го посети Прилеп при што заедно со градоначалникот Марјан Ристески, изведувачите и надзорот одржаа состанок за статусот на договорот „Изградба на пречистителна станица во Прилеп“ и заемно договарање за идните активности.

Проектот е финансиран во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а е кофинансиран од националниот буџет.

Договорот за градба е во износ од околу 9,7 милиони евра и е склучен со конзорциумот Понстрој инженеринг ЕАД и ЕКО-пројект ООД. Надзорот на градежните работи го вршат ИГИП-Инженеринг во конзорциум со Иванов Инженеринг, ангажирани преку ИПА договор.

По состанокот направена е посета на локацијата предвидена за градење на пречистителната станица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП