24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОткриена банка „двојник“ на Goldman Sachs во Кина

Откриена банка „двојник“ на Goldman Sachs во Кина

goldman

Во Кина е откриена банка којашто повеќе од две години работи под маската на „Goldman Sachs“, но нема никаква поврзаност со најголемата во светот американска инвестициска банка.

Како што пишува агенцијата Bloomberg, „кинескиот двојник“ се нарекува „Goldman Sachs (Shenzhen) Financial Leasing Co“ и оваа банка работи од мај 2013-та година во градот Шенжен, во близина на хонгконшката граница. Секретарот на американската банка телефонски изјавил за агенцијата дека споменатата кинеска банка нема никаква поврзаност со њујоршката компанија „Goldman Sachs Group Inc.“.

Истовремено, покрај името, и симболот на кинеската банка предизвикува асоцијација на американската банка. Портпаролот на „Goldman Sachs“ во Хонгконг, Конни Лин потврдил за агенцијата дека нема никаква поврзаност меѓу банката и компанијата во блискиот град Шенжен. Според него, претставниците на американската банка го проучуваат случајот.

Засега нема информации за евентуалното кршење на правата од страна на шенженскиот „Goldman Sachs“. За случајот со речиси идентичното име на банката запознаен е и претставникот на дисциплинската комисија на владејачката Комунистичка партија на Кина, којашто води борба со корупцијата во сферата на економијата и финансиските институции.

Во минатото во Кина беше регистриран уште еден сличен случај, кога во градот Линји, кога беше откриена фиктивна филијала на една од најголемите кинески банки „China Construction Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП