23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските потрошувачи ги тужат 10-те водечки производители на автомобили

Американските потрошувачи ги тужат 10-те водечки производители на автомобили

vozila 333

Американските потрошувачи во средата ги тужеа десетте најголеми светски производители на автомобили, поради опасноста од труење со јаглерод моноксид во повеќе од пет милиони возила кои имаат вградено палење без клуч, што било причина за 13 смртни случаи.

Според тужбата поднесена пред федералниот суд во Лос Анџелес, јаглерод моноксидот се испушта кога возачите ќе ги остават возилата запалени по земањето на електронските приврзоци со себе, погрешно верувајќи дека моторите на нивните автомобили ќе се исклучат.

Обвинителите, вкупно 28, тврдат дека тоа може да доведе до повреди или да има смртоносни последици за луѓето поради вдишувањето на гасот кој нема ниту боја, ниту мирис. Во тужбата, исто така, тврдат дека дефектот на тој систем ја намалува вредноста на нивните возила при продажба.

Палењето без клуч му овозможува на возачот да го стави во погон возилото со притискање на копчето за палење, наместо со ставање и свртување на клучот, откако возилото ќе детектира присутност на електронски приврзок во близина.

Со тужбата се опфатени производителите како што се „BMW“, вклучително и моделите „Mini“, „Mercedes Benz“, „Fiat Chrysler“, „Ford Motor“, „General Motors“ и „Honda“, односно „Acura“. Како виновници се наведени и „Hyundai“, „Kia“, „Nissan“ – „Infiniti“, „Toyota“ вклучително „Lexus“, како и „Volkswagen“, вклучително и „Bentley“.

Оваа тужба е всушност најновото барање за одговорност од автомобилската индустрија за недостатоците кои би можеле возењето да го направат небезбедно, како што претходно, на пример, беа воздушните перничиња „Takata“ и системот за палење на возилата на „GM“.

Во тужбата се тврди дека десетте производители на возилата одамна знаат за ризикот од системите за палење без клучот, кои се достапни во САД од 2003-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП