24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт супериорен во финалето на 200 метри

Болт супериорен во финалето на 200 метри

munja 00

Усеин Болт ја потврди доминацијата во светот на спринтот, откако по трката на 100 метри го победи Џастин Гетлин и на двојно подолгата патека. Болт кој сезонава имаше многу проблеми со повредите во финалето на трката на 200 метри победи со резултат 19,55 секунди, што е најдобар резултат во светот оваа година.

Светскиот рекордер на 200 метри го имаше до себе големиот ривал Џастин Гетлин сé до 80-ина метри пред целта, кога дополнително забрза и без проблем стигна до златниот медал.

Болт го освои јубилејниот десетти златен медал на светските првенства и воедно третпат ги обедини титулите светски првак на 100 и на 200 метри.

Американецот Гетлин, кој во полуфиналето го имаше најдоброто време, во целта пристигна со резултат 19,74.

Изненадување на прави Јужноафриканецот Анасо Јабодвана кој го освои бронзениот медал, неговиот резултат 19, 78 секунди преставува нов рекорд на Јужна Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП