24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелеком Словенија поканет во втор круг од приватизацијата на Телеком Србија

Телеком Словенија поканет во втор круг од приватизацијата на Телеком Србија

te slovenija

Телеком Словенија е поканета да учествува во вториот круг од приватизацијата на Телеком Србија, а голема веројатност е дека ќе предаде и обврзувачка понуда, изјави директорот на словенечкиот национален оператор Рудолф Скобе.

„Поканети сме во вториот круг од приватизацијата на Телеком Србија како еден од потенцијалните купувачи и би било штета да се испушти таквата можност“, рече Скобе додавајќи дека е потребно да се биде активен во оваа постапка, за што раководството ќе се договори со државата како мнозински сопственик.

„Веројатно би влегле со одреден приватен партнер и би се обиделе да изведеме регионална консолидација, ова е една од последните можности за вакви акции“, рече Скобе.

Тој додаде дека веројатно во рок од две недели ќе биде преземена документацијата од конкурсот за сопственик на Телеком Србија и дека веројатно словенечкиот оператор ќе предаде и обврзувачка понуда, но само доколку во тоа ги поддржи и државата како мнозински сопственик.

Словенечките медиуми како можен партнер на Телеком Словенија во купувањето нa Телеком Србија ја споменуваат Телеком Австрија доколку се одлучи да го докапитализира словенечкиот телеоператор.

Телеком Словенија и самиот се наоѓа на листата 15 словенечки  државни компании предвидени за приватизација, но новиот обид да се продаде на стратешки партнер пропадна на почетокот на месецот која од купувањето се откажа британскиот фонд, по што вредноста на акцијата на словенечкиот оператор значително падна.

Приходите од продажба во првата половина од годината на Телеком Словенија се намалија за 4 отсто во однос на истиот период лани, на 364 милиони евра, додека чистата добивка е намалена за една третина на 20,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП