20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички ќе се обиде да го изненади Рубин пред неговите симпатизери

Работнички ќе се обиде да го изненади Рубин пред неговите симпатизери

rabotnicki133

Фудбалерите на Работнички попладне од 18 часот ќе го почнат дуелот на гостувањето кај Рубин во обид да остварат резултат кој на еден тим од Македонија ќе и донесе историски пласман во групна фаза од Лигата на Европа.

Македонскиот претставник се наоѓа на чекор до целта, а за тоа ќе му биде потребна било каква победа, или реми со два или повеќе погодоци.

На првиот натпревар од плеј­офот во Скопје пред седум дена беше 1:1, па нерешено без голови му одговара на рускиот тим, а идентичен резултат ќе значи продолженија.

Во таборот на „романтичарите“ владее позитивна атмосфера, а сите фудбалери се единствени во решителноста оној кој ќе добие можност да игра да го даде максимумот.

Тренерот Игор Ангеловски за руските медиуми изјави дека е свесен за квалитетот на противникот, но и дека неговите избраници не се без шанса.

„Ние и пред првиот натпревар важевме за аутсајдери, а исто ќе биде и вечер. Сепак, покажавме дека можеме да се носиме и со квалитетни состави, а верувам дека така ќе биде и со Рубин. Пред нас е историска шанса да се пласираме во групите и очекувам да направиме се што е во наша моќ да стигнеме до целта“, нагласи Ангеловски.

Правдата ќе ја дели турска судиска тројка на чело со Хусеин Гочек, и помошниците Мустафа Ејисој и Оркун Акташ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП