28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската централна банка инјектираше уште 23,4 милијарди долари

Кинеската централна банка инјектираше уште 23,4 милијарди долари

kina pari 3233

Народната банка на Кина (централната банка) денеска инјектираше во тамошниот финансиски систем дополнителни 150 милијарди јуани, или 23,4 милијарди американски долари преку операцијата на обратно репо (откуп на хартии од вредност со обврска за обратна продажба по фиксна цена).

Како што објави на својата интернет страница кинеската централна банка, операцијата е со спроведен рок од седум дена, и принос од 2,35 отсто.

Претходно во средата кинескиот монетарен регулатор, исто така, додаде во тамошниот финансиски систем 140 милијарди јуани, или 21,8 милијарди долари, преку краткорочните инструменти за регулирање на ликвидноста.

Таквите мерки властите во Пекинг ги преземаат со цел да го запрат значителното паѓање на кинеските берзански индекси од почетокот на седмицата, кои загубија вкупно 16 отсто, што се одрази и на глобалните финансиски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП