20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ќе ги нападне Siri, Google Now и Cortana со свој гласовен...

Facebook ќе ги нападне Siri, Google Now и Cortana со свој гласовен асистент

m fb 20

Социјалната мрежа го претстави „Facebook M“ – „гласовен асистент во Messenger“, кој е придвижуван од вештачка интелигенција, обучуван и набљудуван од вистински луѓе. „Facebook M“ станува директен конкурент на говорните асистенти „Cortana“, „Siri“ и „Google Now“.

„За разлика од другите слични услуги, „М“ може да врши задачи во ваше име. Може да му кажете да купи подарок за близок, а „М“ дури ќе ја испрати испораката. Може да му кажете на „М“ да ви направи резервации за ресторани, за билети и многу други работи“, коментира Дејвид Маркус, потпретседател на „Facebook“ и одговорен за „Messenger“.

m fb 21

За сега „M“ ќе остане недостапен за повеќето корисници. „Facebook“ ќе „покани“ неколку стотици корисници од областа на Сан Франциско, кои ќе бидат првите кои ќе го тестираат новиот асистент. Неговите дејства ќе се набљудуваат од вистински луѓе и сите евентуални грешки ќе се коригираат. Целта е да се намали ризикот од погрешни купувања или настапи на задачи кои корисниците ќе ги постават на „М“.

Првично „М“ ќе се потпира на вработените, кои се наречени „М Trainers“. Самата вештачка интелигенција ќе врши комуникацијата со корисниците и ќе поставува прецизини прашања. Вработените, пак, ќе треба да ги проверат проценките на „М“ и да ги одобруваат или коригираат.

m fb 22

Со текот на времето пристап до „М“, кој ќе биде дел од „Messenger“, ќе добиваат се повеќе луѓе. Во еден момент корисниците ќе можат да му дозволат на асистентот да ги проверува и нивната активноста на „Facebook“ за да може да прави уште повеќе персоналните предлози. Засега таква можност нема да има.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП