20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтефоски: Поезијата на Беи Дао е достојна за Златниот венец на СВП

Стефоски: Поезијата на Беи Дао е достојна за Златниот венец на СВП

svp poezija

Поезијата на годинешниот лауреат на 54-ти Струшки вечери на поезијата (СВП), кинескиот поет Беи Дао, ги содржи сите предуслови за да биде наградена со признанието „Златниот венец“, чии носители во минатото беа истакнати личности од светската книжевност и нобеловци, истакна директорот на Фестивалот, Мите Стефоски.

„Имаме исклучителна прилика повторно да се навратиме на кинеската поезија преку вториот лауреат после Лу Јоан, овој пат со поет со сосема различна поетика. Навистина е чест на македонски да биде претставено творештвото на еден од најзначајните претставници на т.н. загадочна школа на поезијата. Една група кинески поети кои во 70-тите почнуваат со трагање по нов поетски јазик во ракмите на кинеската поетска традиција, рече Стефоски.

Беи Дао 50-ти јубилеен лауреат на „Златниот венец“ , а меѓу имињата на сите 50 досегашни добитници, според директорот, нема ниту едно случајно кое се нашло на листата“, рече Стефоски на денешната прес-конфренција.

Обврската на македонскиот јазик и на струшкиот поетски фестивал, истакна натаму Стефоски, да ги награди врвните светски поети, и тоа најзначајните во втората половина на XX и почетокот на XXI век, е помалку „нелагодна и сигурно многу одговорна“.

„Сите современи класици на минатиот и почетокот на овој век се нашле на таа листа за наградата која секогаш била доделувана за врвни естетски и уметнички достигнувања. Никакви други вонлитерални влијанија или критериуми не биле замани во предвид, ниту, пак, политичките“, додаде првиот човек на СВП.

Творештвото на Беи Дао кое ќе биде претставено во рамките на Фестивалот е единствениот и највисокиот критериум за кое годинашниот лауреат е награден.

„Нашата автономност во однос на донесувањето такви одлуки никогаш досега ниту пак отсега не била доведена во прашање. Оттаму извира и реномето на самата награда во интернационални рамки“, рече Стефоски.

Добитникот на „Златниот венец“ Беи Дао, кој пред повеќе од деценија години беше учесник на СВП, го постави прашањето како една мала земја како што е Македонија и град како Струга може да организираат меѓународен фестивал на поезија, како Струшките вечери.

„Македонија како една дамнешна земја претставена со нејзиниот јазик, кој не е многу распространет низ светот сепак опфаќа и организира ваква престижна поетска манифестација со половинавековна традиција, како Струшките вечери на поезијата“, рече Беи откако според традицијата, лауреатот засади дрвце во Паркот на поезијата.

Истакна дека ова признание е многу важно за него, но и дека е среќен што има можност повторно да се сретне со големи поетски имиња од светот.

„Чуството на среќа претставува еден вид слабост на човекот кога ќе добие ваква престижна награда. Јас не верував дека ќе го добијам Златниот венец што ми претставува посебна чест како поет. Посебно ми е чест што признанието претставува врска меѓу поетот и неговото творештво“, рече годинешниот лауреат на СВП.

Во продолжение претседателот на Управниот одбор, Славе Ѓорѓо Димоски нагласи дека Струшките вечери на поезијата во светски рамки се најстариот фестивал кој се одржува во континуитет.

„Речиси сите светски фестивлаи го применуваат нашиот модел, но ја немаат магијата на Мостови на истекот на реката Црн Дрим, која го прави повеличествен и побожествен. Годинешниот лауреат во светски рамки е име кое значи, бидејќи е симбиоза на кинеската поетска традиција и на она што е европска или американска поетска традиција“, рече Ѓорѓо Димоски.

Беи Дао е 50-ти јубилеен добитник на признанието „Златен венец“ на СВП, кој ќе му биде врачен во недела на традиционалното поетско читање „Мостови“ на мостот над Црн Дрим во центарот на Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП