24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo ќе претстави смартфон со батерија од 5.000 mAh?

Lenovo ќе претстави смартфон со батерија од 5.000 mAh?

l vibe p1

Иако уредот „Lenovo Vibe P1“ се уште не е официјално претставен, а се очекува тоа да се случи за време на саемот за електроника во Берлин, кинески сајт веќе открива што е поврзано со него, вклучувајќи ја и цената.

Уредот е сертифициран од кинескиот регулатор „TENAA“, а цената се очекува да е 309.99 долари.

l vibe p11

Најзначајната карактеристика на смартфонот се очекува да е неговата батерија со капацитет од 5.000 mAh која располага со можност за брзо полнење. Во однос на останатите технички карактеристики, смартфонот се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција 1.080 х 1.920 пиксели и се напојува со процесор „Snapdragon 615“ со фреквенција од 1.5 GHz.

Смартфонот е со 3GB RAM меморија, како и 16 GB внатрешна која може да се прошири со картичка. Тој има 13 мегапикселна задна и 5 мегапикселна предна камера, како и оперативниот систем „Android 5.1“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП