29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia подготвува бежични полначи за електричните возила

Kia подготвува бежични полначи за електричните возила

po kia 222

Работата на безжични полначи на батерии за електричните возила влегува во завршна фаза, објави корејската компанија.

За разлика од Британците кои размислуваат за електрични автомобили чии батерии ќе се полнат додека возилата се движат по автопат, „Kia“ веќе одамна развива реалистичен концепт за стационарни безжични полначи.

Корејскиот производител во соработка со компанијата „Mojo Mobility“, е при крај со работата на системот за дополнување на батериите без кабли. Како тест возило се користи моделот „Soul EV“, а од „Kia“ објаснуваат дека полначот е така дизајниран да нема потреба да е потполно прецизно израмнето возилото со уредот кој се наоѓа под автомобилот.

Воведувањето на безжични полначи ќе допринесе секојдневната употреба на електрични возила да стане попрактична и поедноставна за корисниците, сметаат од „Kia“, што понатаму би требало да придонесе до раст на популарноста на овој вид на автомобили.

Производителот напоменува дека и безжичните полначи би можеле да придонесат до тоа во иднина во електричните возила да се вградуваат помали и полесни погонски батерии.

Како дел од завршните тестови, пред да ги воведе во јавна употреба, „Kia“ планира употребувајќи флота од пет примероци на моделот „Soul EV“ да ја истражи безбедноста и издржливоста на безжичните полначи во реални услови.

Корејците не се единствените кои работат на оваа технологија, со оглед на тоа дека безжични полначи развиваат и други компании, меѓу кои и „Volvo“, „Toyota“ и „Qualcomm“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП