20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТримесечниот профит на Сбербанк се намали за 44%

Тримесечниот профит на Сбербанк се намали за 44%

sberbankata

Нето добивката на најголемата руска банка – „Сбербанк“, се намали за 44% на годишна основа во вториот квартал, но и покрај тоа, ова е над прогнозите на аналитичарите, пишува „Bloomberg“.

Банката заработи 54,2 милијарди рубљи (786 милиони долари) во вториот квартал од 2015-та година, откако во истиот период во 2014-та година реализираше нето добивка од 97,6 милијарди рубљи. Експертите очекуваа нето позитивен финансиски резултат во износ од 41,2 милијарди рубљи.

Во периодот април-јуни, „Сбербанк“ ги зголеми залихи до 117,1 милијарди рубљи од 73,8 милијарди рубљи, колку што беа пред една година. Ова се наметнува, бидејќи уделот на лоши кредити се зголеми до 4,9% на крајот на првото полугодие од 3,4% до крајот на јуни 2014-та година.

Лошите кредити се зголемија, како ефект од влијанието на западните санкции наметнати против Русија поради кризата во Украина. Исто како и други руски банки, „Сбербанк“ нема пристап до финансирање на западните пазари.

Покрај тоа ова е првата рецесија во која запаѓа Русија од 2009-та година и силно го притиска профитот на банките. Високите каматни стапки, поддржани од централната банка, исто така, играат своја улога.

Нето каматниот приход, или разликата помеѓу она што банките го заработуваат од кредитна активност, и она што го плаќаат за позајмените депозити, се намалува до 227 милијарди рубљи од 250 милијарди рубљи пред една година.

Капиталот на „Сбербанк“ од прв ред се зголемува до 9,6% од 8,6%, колку што беше во самиот почеток на 2015-та година. Вкупната адекватност на капиталот забележа пораст до 13,4% од 12,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП