28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајбогатиот Кинез досега поради берзата загуби неверојатни 13 милијарди долари

Најбогатиот Кинез досега поради берзата загуби неверојатни 13 милијарди долари

vang dijalin

Најбогатиот Кинез Ванг Џианлин, основач и претседател на корпорацијата „Dalian Wanda“ во еден ден тргување, според податоците од индексот „Bloomberg Billioners“, изгубил 3.6 милијарди долари, односно 10 проценти од својето вкупно богатство. Вкупната загуба на Џианлин на берзата изнесува 13 милијарди од 12-ти јуни, кога започнаа да паѓаат берзиските индекси.

Групацијата „Dalian Wanda“ е најголемата кинеска компанија за управување со недвижности, специјализирана за шопинг центри и луксузни хотели, а во сопственост на компанијата се и неколку луксузни хотели, продукциски куќи и ланец на кина

Според берзиските анализи на „CNNMoney“, компанијата „Wanda Dalian Commercial Properties“ од 12-ти јуни (кога вредноста на акциите била на највисоко ниво) изгубила 38 проценти од вредноста и избришала 9 милијарди долари, вредноста на компанијата „Wanda Cinema Line“ се намалила за 36 отсто, односно 4.2 милијарди долари, а „Wanda Hotel Development“ забележа загуба од 49 проценти од вредноста и 60 милиони долари.

Вториот најбогат човек во Кина, Џек Ма, основач на платформата „Alibaba“, која кинеските власти ја сомничеле за малверзации на кинескиот пазар на капитал, во понеделникот на крајот од тргувањето осиромашил за 545 милиони долари. Акциите на компаниите на шангајската берза во понеделникот изгубиле 8,49 проценти од својата вредност, што воедно преставува најголемиот дневен пад од 2007-ма година, а во вторникот е забележан пад на индексот од 7,63 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП