19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар основа инвестициски фонд за солидарност

Кипар основа инвестициски фонд за солидарност

kipar5

Кипар ќе основа инвестициски фонд за солидарност, преку кој ќе се соберат потребните 5,8 милијарди евра, со цел земјата да може да склучи договор за финансиска поддршка од Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) во износ од 10 милијарди евра.

– Врз основа на предлогот на претседателот Никос Анастасиjадис, постигнат е консензус и едногласна одлука за создавање Фонд за инвестициска солидарност, изјави портпаролот на кипарската Влада Христос Стилиjанидис.

Останатите политичари кои присуствувале на кризниот состанок со шефот на државата, порачаа дека данокот на банкарските депозити е целосно отфрлен.

Медиумите шпекулираат дека овој фонд би можел да биде финансиран од приходите од национализација на државните и приватните фондови.

Доцна попладнево, Mинистерскиот совет ќе одржи седница на која ќе го одобри решението и ќе го предаде за натамошни процедури во Парламентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП