25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го испраќа Patrol во историјата

Nissan го испраќа Patrol во историјата

patrol 30399

Јапонската компанија „Nissan“ смета на крајот на 2016-та година да го прекине производството на теренецот „Patrol“. Моделот нема да добие директен наследник во палетата на производителот.

Местото на Patrol ќе биде зафатено од поголемиот како димензии Nissan Pathfinder. А оние на кои им требаат машини со посериозни теренец карактеристики, ќе треба да почекаат до 2017 година Тогаш ќе се појави целосно нов теренец со 7 места, изграден врз основа на пикап Navara NP300.

Се уште не е јасно дали теренецот „Infiniti QX80“, кој всушност претставува луксузна верзија на „Nissan Patrol“, ќе продолжи да се произведува и по крајот на 2017-та година.

„Patrol“ е едно од најстарите имиња во палетата на компанијата, а се произведува уште од 1951-ва година. До петтата генерација – „Y61“ што излезе во 1998-ма година автомобилот имаше слава на една од најпознатите модели во својот сегментот. Во 2010-та година, сепак се појави верзијата „Y62“, која го претвори „Patrol“ во луксузен теренец од премиум класата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП