25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот смартфон на Asus е со 256 GB внатрешна меморија

Новиот смартфон на Asus е со 256 GB внатрешна меморија

asi 98

Тајванскиот производител на смартфони – „Asus“ ќе пушти на пазарот нова верзија на популарниот модел „ZenFone 2“.

Тој ќе се одликува со големиот обем на внатрешна меморија, кој ќе им се нуди на корисниците или точно 256 GB.

Инаку смартфонот се одликува со 5,5-инчен дисплеј и со 2.3 Ghz-ОВ процесор од „Intel“. Моделот беше еден од првите паметни телефони на пазарот со 4 GB RAM меморија, кога беше претставен за прв пат во март. Цената му беше 299 долари. Оттогаш наваму компанијата претстави веќе неколку варијанти на моделот, вклучувајќи ги поевтините оние со помалку RAM меморија од 2 GB.

asi 99

Одлуката за пуштање на смартфон со сличен обем на внатрешна меморија доаѓа во момент кога повеќето производители се почесто од смартфоните ги острануваат слотовите за проширување на меморијата.

Слични решенија веќе превземаа од „Samsung“ во новите модели „Galaxy S6“ и „Note 5“, како и „Google“ со моделот „Nexus 6“.

Во исто време новото истражување покажа дека повеќе од половина од корисниците тврдат дека имаат потреба од барем 32 GB внатрешна меморија на своите уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП