29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ја пушти верзијата на Cortana за Android

Microsoft ја пушти верзијата на Cortana за Android

Cortana22999

Гласовниот асистент на „Microsoft“, „Cortana“ веќе се нуди за „Android“ како отворена бета верзија. Функционалноста на „Cortana“ е речиси идентична како на „Windows 103, но постојат некои клучни разлики.

Општо земено „Cortana“ за „Android“ ја користи истата инфраструктура на „Microsoft“ и го има истиот интерфејс и начин на управување. Основната разлика е дека функцијата за гласовно активирање преку командата „Hey Cortana“ не е активна. Причината за ова е дека апликацијата не е интегрирана со јадрото на „Android“, како што е „Google Now“. Затоа треба да се активира со притискање на копчето на екранот.

За сега верзијата на „Cortana“ за „Android“ е достапна само во САД, а активирањето во други држави ќе е во неколку фази. Набргу потоа се планира и верзијата за „iOS“.

Веста доаѓа во позадината на публикации во специјализирани технолошки изданија дека новиот извршен директор на „Google“, Сундар Пичај не става толку голем приоритет на гласовниот асистент „Google Now“. За неговиот претходник Лари Пејџ услугата беше многу важна, но Пичај гледа други сфери во кои „Google“ мора прво повеќе да се фокусира.

Според онлајн изданието „Re/Code“, „Google Now“ останал и без некои од главните вработени во својот тим. Тие го напуштиле поради разочарувањето дека проектот, кој започна во „Android“, е префокусиран врз интернет пребарувач и веќе не е со толку голем приоритет.

Истовремено конкуренцијата помеѓу говорните асистенти станува посилна. За време на годишната конференција „I/O“, „Google“ ја претстави функцијата „Now On Tap“, која им овозможува на корисниците да бараат детали за нешто што им се допаднало во мобилна апликација, само со притискање на едно копче. „Cortana“ веќе исто така ќе нуди таква функција, вклучувајќи и за „Android“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП