19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИНајдобра диета!

Најдобра диета!

Најдобрите диети се составени од едноставни намирници богати со протеини, а сиромашни со калории, тежината се намалува постепено, што гарантира дека нема да врати брзо, бидејки колку побрзо симнувате тежина, толку побрзо и ќе ја вратите, и тоа е проблем кај многу брзи диети.

Оваа диета ја нарековме ,,најдобра диета”, но треба да имате предвид дека секој има различни телесни способности, различна возраст, пол, број на килограми кои се вишок итн.

Поради овие фактори постојат и други диети, така да за она што за некои може да биде најдобра, за други особи не мора да функционира најдобро. Сепак да не бидеме песимисти и доколку доследно се придржувате кон планот на исхрана, сигурно ќе изгубите повеќе од 3 килограми, а што е битно, килограмите нема да се вратат брзо.

Прв ден

-Доручек: 1 шоља кафе засладено со сахарин, 3-4 кајсии

-Ручек: 125 грама посно говедско месо на скара, 2 домати

-Вечера: 1 чаша сок од зеленчук, 100 грама тенок бифтек, домат и краставица

Втор ден

-Доручек: 1 шоља кафе засладени со сахарин, кајгана од едно јајце, парче леб

-Ручек: Шоља чорба од посно месо, 100 грама печење од посно телешко, варена боранија, јаболко, чај со лимун

-Вечера: 150 грама пржен џигер, мешан варен зеленчук и портокал

Трет ден

-Доручек: Чаша сок од грејпфрут, домат, варено јајце

-Ручек: 125 грама посни котлети на скара, обарен карфиол прелиен со јогурт, кафе или чај со лимун

-Вечера: Шоља чорба од посно месо, 120 грама посно телешко месо, салата од боранија, јаболко

Четврти ден

-Доручек: Шоља кафе, 1 портокал, парче црн леб

-Ручек: 60-80 грама бифтек на скара, домати и грашак пржени во тава, салата од целер

-Вечера: Чаша сок од зеленчук, 150 грама риба со блитва, праска, една рака јагоди

Петти ден

-Доручек: Чаша сок од домати, тврдо варено јајце, парче р’жан леб

-Ручек: Посен јогурт, кајгана со две јајца и спанаќ, шоља кафе

-Вечера: Чаша сок од портокал, 100 грама ладно печено месо, мешана салата

Шести ден

-Доручек: Шоља кафе, пола грејпфрут

-Ручек: 150 грама телешки џигер на скара, 2 парчиња двопек, салата, 2 домати, две јаболки, кафе

-Вечера: 150 грама посна риба, салата со целер, 2 домати

Седми ден

-Доручек: Чај со лимун, 1 јајце измешано во сос од домати

-Ручек: Шоља супа од посно месо, 120 грама варено посно месо, домат и краставица салата, 1 јаболко

-Вечера: Чаша сок од зеленчук, 50 грама ладно пилешко, динстан спанаќ со јајце, домат-краставица салата

Осми ден

-Доручек: Тврдо варено јајце, сок од лимун, 2 домати

-Ручек: 150 грама риба на скара, динстана боранија и морков, зелена салата и краставица зачинета со јогурт

-Вечера: Чаша сок од домати, 100 грама џигер, 3 парчиња домати и краставици, кафе или чај со лимон

Деветти ден

-Доручек: Рендано јаболко со лимон, тврдо варено јајце

-Ручек: 100 грама пилешко, обарен карфиол, домат, шоља кафе или чај со лимон

-Вечера: Чаша сок од зеленчук, 100 грама посен бифтек, домат-краставица салата

Десетти ден

-Доручек: Шоља кафе, ¼ грејпфрут, еден домат

-Ручек: 2 плескавици од посно месо, зелена салата зачинета со јогурт, сиров морков, кафе

-Вечера: Шоља посна супа, 2 тенко сечени парчиња телешко печено, зелена салата измешана со домати и краставица, кафе или чај

Во текот на оваа природна диета, составена од едноставни намирници богати со протеини и ниско ниво на калории,треба да пиете многу вода и да избегнувате сол. Диетата трае 10 дена и ви овозможува да изгубите 4-5 килограми.

Пробајте, токму за вас ова може да биде најдобрата диета!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП