23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДоколку работите во канцеларија прочитајте ги овие совети

Доколку работите во канцеларија прочитајте ги овие совети

View Of Busy Stock Traders Office

Колку и да бидете претрупани со работа, корисно за вашето здравје е да правите пауза секои 20 минути, советуваат од Институтот за здравје, Бејкер.

Во текот на хаотичниот работен ден, помислата да станете од работниот стол се чини дека е невозможна мисија. Научниците тврдат, дека без оглед на се, најдобро е во текот на работата, да се одмарате на секои 20 минути. Едноставно, станете, прошетајте и вратете се на работното место.

Австралијанските научници, открија дека редовното правење на паузи и станувањето од стол, помага да се намали количеството на глукоза и инсулин после јадењето.

Додека седиме, нашите мускули се во опуштена состојба и не му помагаат на организмот да ги регулира телесните метаболички процеси, вели Дејвид Дунстан, од Институтот за дијабетика во Мелбурн.

Истражувањето покажа дека повеќечасовното седење без пауза е многу лошо за здравјето, а експеримент покажал дека луѓето кога стануваат на секои 20 минути, нивото на глукоза им се намалува дури за 24 отсто.

Таа разлика е 30 отсто поголема кај оние кои се движат поинтензивно. Исто така, научниците открија дека луѓето кои гледаат ТВ повеќе од 4 часа дневно имаа зголемен ризик од прерана смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП