19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 начини како да се ослободите од стресот

10 начини како да се ослободите од стресот

Stress333

Одморот од напорниот работен ден е корисен и потребен, велат експертите, но за многумина е голем луксуз. Секојдневното соочување со обврските е начин на живот, но постојат неколку трикови кои ќе ви ги олеснат маките.

Создавањето секојдневна рутина им помага на вработените да се носат со стресните ситуации. При секојдневните обврски многу е важно да внимаваме на физичкото и на психичкото здравје.

1. Длабоко дишете

Ова практикувајте го и кога не се наоѓате во стресна ситуација. Ако научите правилно да дишете, полесно ќе ги поминувате стресните ситуации.

2. Одморете се од канцелариските озборувања

Избегнувајте ги собирите пред апаратот за вода на работа. Важно е да негувате здрави односи на работа, но константното озборување со колегите ќе ви донесе многу негативна енергија која само ќе ви штети.

3. Физичка активност

После работа не поминувајте време со колегите, бидејќи повторно ќе трошите време на тоа што лошо се случило тој ден. Кога ви завршува работното време избегајте од работното опкружување – возете велосипед, трчајте и сл. На овој начин ќе го намалите стресот.

4. Променете ја околината

Доколку не можете да ја промените работата, барем направете мали промени на работното место. Во вашиот уред донесете си лични работи.

5. Фокусирајте се на позитивни нешта

Ако во моментот ситуацијата на работа е лоша, сетете се на подобри мигови во кариерата. Напишете на хартија што би сакале да бидете за 5 години.

6. Негувајте ги амбициите

Усовршувајте се, прочитајте книга од областа со која се занимавате, побарајте на интернет некои корисни информации и нови знаења.

7. Поставете граница

Новата технологија овозможува да бидете достапни од утро до мрак, но мора да повлечете граница. Ограничете ја проверката на емаилот, одредете што е итно и битно, а што може да почека до следното утро.

8. Фокусирајте се на планирана комуникација

Лошата комуникација носи фрустрации и стрес. Поставете си цели, одредете место и време, за некои разговори бидете апосолутно сконцентрирани. Јасно изговорете ги работите кои ги сметате за важни.

9. Управување со време

Понекогаш можеме да направиме хаос во нашиот живот, бидејќи за кратко време сакаме да направиме многу нешта. Важно е да ги одредите приоритетите и да одвоите време за извршување на задачите.  Направете листа за тоа колку време ви одзема некоја задача, за месец дена ќе дознаете кои се крадците на вашето време.

10. Не заборавајте ја духовната храна

Слушајте музика која ве опушта и релаксира, запомнете некои афирмативни пораки и поставете ги во работното опкружување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП