20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТуре на мета на Челзи и Реал

Туре на мета на Челзи и Реал

YayaToure_1509466a

Челзи и Реал Мадрид пројавија многу сериозен интерес за еден од столбовите во средниот ред на Манчестер Сити, Јаја Туре.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска не е воопшто задоволен околу преговорите за неговиот нов договор кои премногу се одолговлечија и му се закани на клубот преку својот агент дека ако до сабота не потпише нов договор, тогаш сигурно ќе замине во текот на летото.

Со ова Туре ги разгори желбите на некои од најголемите европски клубови кои во своите редови сакаат да го доведат поранешниот фудбалер на Барселона.

Во Челзи моќниот Африканец го гледаат како идеален наследник на Френк Лампард, кој веќе е во одминати години и може да го напушти Челзи во текот на летото.

Туре има уште две години до крајот на договорот со тимот, но според правилата на ФИФА во неговата ситуација тој може да ги плати своите платите, кои треба да ги добива од клубот и да си замине без оштета.

Со неговата огромна плата од 220 илјади фунти неделно, сепак Туре ќе може да се ослободи за 22 милиони фунти.

Од Челзи сепак без поголем проблем би ја платиле оваа сума, но лондончаните се соочуваат со сериозната конкуренција, а тоа е Реал Мадрид кој исто така е во трката за потписот на Африканецот.

Извор од Реал Мадрид објави дека на Жозе Мурињо многу му се допаѓа Туре и дека сака да го доведе во своите редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП