29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку всушност чини стадионот на Зенит

Колку всушност чини стадионот на Зенит

zenitnew_front

Изградбата на новиот стадион на Зенит оди со побавно темпо од очекуваното, а различните информации за вредноста на проектот беа причина за големи скандали. Неодамна беа изнесени податоци поврзани со цената на објектот, која наводно се зголемила за нови 12 милиони евра. Оваа информација предизвика многу голема бура, па поради тоа Гувернерот на Санкт Петерсбург, Георгиј Полтавченко, побара секоја недела да добива детални извештаи за фазите на изградба.

Според медиумите изградбата на стадионот ќе чини 43.8 милијарди рубљи (1.08 милијарди евра), но вицегувернерот на Санкт Петерсбург, Марат Оганесјан изјави дека всушност сумата е помала. “Објавени податоци не се точни. Вкупната цена на проектот е доста помала”, коментира Оганесјан.

За финансирањето на новиот стадион на Зенит се ангажирани „Газпром“ и три руски министерства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП