29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранците во Кипар чуваат 20 милијарди евра

Странците во Кипар чуваат 20 милијарди евра

depoziti-strancu

Банкарските депозити на луѓето, кои немаат постојан престој во Кипар, кон крајот на септември 2012 година изнесувале 20 милијарди евра, покажуваат резултатите од денеска објавеното истражување на Меѓународниот институт за финансии (МИФ), кое е засновано на податоци на Меѓународниот монетарен фонд и на кипарската Централна банка.

Кон таа сума треба да се додадат и 13,1 милијарда евра во грчките филијали на кипарските банки и 4,5 милијарди евра, депонирани во филијали во други земји.

Вкупно станува збор за сума од 37,6 милијарди евра, која е поголема од сумата на депозитите на Кипарците – 32,2 милијард евра. Според податоците од 2012 година Кипар има 1.138.100 жители.

МИФ цитира податоци на Европската централна банка, според кои 85 проценти од депозитите на лица кои немаат постојан престој во Кипар или 19 милијарди евра се од земји надвор од Европската унија, а најмногу од Русија, Украина и Либан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП