28 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 24.08.2015 до 30.08.2015

Неделен хороскоп – 24.08.2015 до 30.08.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Меркур ви ја отежнува комуникацијата, правејки ги некои ситуации неподносливи поради погрешно разбраните зборови. Затоа овој период бидете спремни на се, а посебно обрнете внимание на вашите сваќања за односот со блиската особа, за да не се најдете во непријатна ситуација како повеќе пати до сега.

РАБОТА: Сонцето е во Девица, што на Овните ќе им ги направи следниве неколку недели прилично напорни. Добро се изразени работните задачи на кои веќе им се ближи крајот, но како и во личните односи, добро измерете го секој збор пред да го изговорите. Месечината би можела да ви направи проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Ќе чуствувате многу страст кон саканото лице и се ќе ви оди од рака, само ако успеете да ја одржите главата бистра. Сепак, пред да се препуштите на вашите нагони, прво размислете малку и во тој случај ви се „смешка“ многу погодна недела.

РАБОТА: Иако ситуацијата на работа ви изгледа како трчање на лента, не плашете се – веќе на почетокот од неделава работата ќе ви станува се поинтересна и покреативна. Но ќе треба да си ја завршите и домашната задача и да бидете отворени за сите предлози. Можно е да стигне понуда која не се одбива, а единствено ако сте добро подготвени ќе можете на време да ја завршите.

ЗДРАВЈЕ: Малку повеќе сон нема да ви пречи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Домот е онаму каде што ви е срцето, вели една стара поговорка која оваа недела се однесува на вашиот знак. За секоја најмала ситница која ќе ја направите ќе ви биде уште подраго ако е во придружба на вашата сакана особа. Уживајте и немојте да дозволите малите проблеми да ви го расипат расположението.

РАБОТА: Расположението од приватниот живот најдобро можете да го примените во работата само ако изградите мостови кон некои личности кои во последно време сте ги занемариле, а од кои можете да очекувате голема помош во кариерата. Затоа, искористете го вашиот познат шарм и брз јазик и тргнете во победа.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на исхраната.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Вашата љубов кон семејството не е во прашање, и нема потреба да ја докажувате преку разни поклони и услуги. Би можело лесно да претерате и да се доведете во финансиски неугодна ситуација. Бидете внимателни со картиците, поготово оние кои на некој начин ги делите со партнерот, се со цел да не се најдете во проблеми поради минусот.

РАБОТА: Би било штета кога би дозволиле несогласувањата со колегите на работа да ве извадат од такт. Пред да се налутите на било кој, проценете кој зборува лоши работи за вас и зашто, за да не нападнете погрешни луѓе. Проценете го секој збор два пати пред да обвините некого.

ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Обожаватели никогаш не ви недостасувале, така што новонастанатата ситуација ви е многу позната. Без оглед на искуството, немојте да се потпирате исклучиво на својот шарм во решавањето на проблемите, затоа што некои луѓе би кажале било што само да се во ваша близина. Чувајте се од таквите, моментално не ви се потребни.

РАБОТА: Меркур би можел да ве доведе во ситуација каде ќе треба да одлучите за вашиот статус на работното место, што е добро за вас. Бидете јасни и прецизни во својата комуникација и унапредувањето, или некои привилегии кои би ги сакале, па ќе ви пристигнат без проблем. Нормално ќе мора и да се потрудите за тоа.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Парите се прилично важна работа во животот, па така лесно можат и да го попречат патот на љубовта. Кога ќе осетите дека би требало да потрошите повеќе на себе отколку што трошите на другите, размислете два пати дали тоа би предизвикало некои тензии. Сепак, со нормален разговор се ќе си дојде на место.

РАБОТА: Вашата желба за позитивни промени на работа е добро позната, но оваа недела не е меѓу најдобрите за такви зафати. Меркур би можел вашата комуникација да ја направи неразбирлива и збунувачка за колегите, па затоа одложете ги револуционерните идеи за некое време. Оваа недела нека ви биде мирна и без бранувања.

ЗДРАВЈЕ: Потребен ви е повеќе одмор.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Ви предстои интересен период во приватниот живот, затоа што неделава ќе треба да се одлучите што ви е поважно, приватниот или професионалниот живот. Најдобро би било кога би успеале да ги избегнете нишаните, трудејки се да одморите и да ги оставите некои работи онакви какви што се моментално, а се добри.

РАБОТА: На работа е подобро да го примените рецептот од приватниот живот и да се обидете да бидете неприметливи барем уште десетина дена, затоа што на ова поле големо влијание има Меркур. Бидете достојни и паметни, не се истрчувајте и се ќе помине во најдобар ред. Нормално не дозволувајте да ве прескокнуваат другите поради вашата моментална воздржаност, тоа би било погрешно и опасно.

ЗДРАВЈЕ: Нивото на стрес ви е високо, забавете малку.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Имате повеќе причини за опуштање и забава, а и опкружувањето ви е прилично наклонето. Семејството и фамилијата ве подржуваат во се што правите, па затоа обидете се да им возвратите со пријатно дружење без многу филозофирање. Едноставно, присетете се на нивните скриени желби и исполнете ги доколку сте во можност.

РАБОТА: Ќе добиете одлична понуда, но ќе треба да го искористите своето знаење и способност за да донесете правилна одлука, поготово ако станува збор за пари. Бидете внимателни, и ако се направите во свој стил ќе бидете одлични и патот кон успехот ќе ви се отвори до крајот на годината.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на мали повреди.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Неделава пред вас ќе се појави дилема која дефинитивно ќе морате веднаш да ја решите, без оглед дали се работи за ваш или проблем на некој од вашите блиски. Во секој случај ќе се однесува на вашата лична слобода, што е многу важно за вас, но сега можеби би требало да го корегирате тој став.

РАБОТА: Ви предстојат важни случувања кои можат да имаат големи последици по вашата кариера, затоа е многу важно да си го одржите умот бистар и да го отворите срцето, затоа што некои решенија на прв поглед ќе ви изгледаат лоши. Квалитетната анализа сепак ќе придонесе за да ја пронајдете добрата страна во секоја ситуација, па одлуката во целост е ваша.

ЗДРАВЈЕ: Без посериозни проблеми.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Колку и да ви се причинува моментално дека сте единствена нормална личност во вашиот вообичаен круг на пријатели, бидете добри кон околината. Поголемо внимание посветете на партнерот кому му е потребна потпора и љубов.

РАБОТА: Помошта за решавање на сите проблеми ви е на дофат, се што треба да направите е пристојно да прашате дали може да ја добиете. Некогаш тоа и не е така едноставно, но користа која можете да ја извлечете за себе е толку голема што најпаметно е да го потиснете своето его и да признаете некои грешки од минатото.

ЗДРАВЈЕ: Посветете внимание на исхраната, малку сте се опуштиле.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Времето за одмор се уште не е поминато, а интензивниот период низ кој поминавте ви дава за право да мислите дека заслужувате уште малку одмор. Посветете се на семејството и пријателите кои ќе ви помогнат да ги пронајдете најдобрите начини за опуштање и релаксација.

РАБОТА: Понекогаш светот околу себе го гледате низ розеви очила и некои работи ви се чинат добри без многу анализирање. Но, приликите кои се создаваат сами од себе имаат голем потенцијал, па внимавајте да не ги пропуштите.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Ќе ја чуствувате љубовта во воздухот, а односите со саканата личност дефинитивно ќе ви се поправат. Дозволете си себеси малку повеќе опуштање и уживање, немојте да дозволите да ве обземат секојдневните грижи, така што не би ги препознале приликите за забава и добар одмор.

РАБОТА: Одлично време за создавање нови сојузи, партнерски односи и квалитетни соработки. Се што треба да направите е да разберете дека пред вас е нешто вредно. Пријателите ќе ви помогнат во се што ќе побарате од нив, па искористете ја ситуацијата за финансиски интереси.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП