24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА15 знаци дека соговорникот ве лаже

15 знаци дека соговорникот ве лаже

Fingers Crossed Behind Back

Мислите дека е тешко да откриете кој лаже? Всушност и не е толку тешко. Нормално, ако знаете да читате меѓу редови.

Многу работи се откриваат со говорот на телото и лицето, но вистината може да се прочита и меѓу зборовите.

Ви ги откриваме начините на кој можете да го откриете лажгото.

1.Избегнување контакт со очите

Старата мудрост вели дека лажговците избегнуваат контакт со очите, но сепак бидете внимателни – многумина лажговци го знаат ова па намерно ве гледаат директно во очите. Ако ви изгледа дека тоа го прават премногу нападно, бидете сигурни дека нешто не е во ред.

2.Грицкање усни

Што прави вашиот соговорник со усните? Ако ги грицка, криви или оближува, најверојатно лаже. Таквите потези со усните јасно говорат дека некој лаже.

3.Допирање на лицето

Лажговците по навика го допираат своето лице во моментот кога ја кажуваат лагата. Особено често го допираат носот, па внимавајте на тоа.

4.Движење на телото

И говорот на телото многу открива за лажењето. Ако вашиот соговорник често ги подига рамениците, не седи мирно или постојано ги врти рацете, голема е веројатноста дека ве лаже.

5.Пелтечење или одолговлекување

Лажговците често додека зборуваат пелтечат или одолговлекуваат, зборуваат бавно и употребуваат еден куп непотребни зборови кои го продолжуваат нивниот говор. Сето ова служи за личноста да има можност да се сети на некоја нова лага.

6.Вртење на иста реченица

Понекогаш луѓето пред да одговорат на некое прашање навистина мораат да направат кратка пауза со цел да се присетат на бараните информации. Но, ако личноста ви одговара како робот и постојано ја прераскажува истата реченица само од друг аспект тука постои причина за сомневање.

7.Многу информации

Ако личноста ви дава многу информации и пред да ја прашате, големи се шансите таа да ве лаже, односно во тој момент личноста ве натрупува со информации и ве оневозможува да се сетите што навистина сте сакале да ја прашате, ова на лажговците им служи како заштита од прашањата во кои можете да им ја откриете лагата.

8.Нападен став

Кога ќе ги фатите во ситуација да прават нешто што навистина не е корисно и потребно, лажговците завземаат напаѓачки став, а оние кои не се виновни најчесто со факти ја бранат својата невиност.

9.Проширени реченици

Кога лажговците одговараат на прашања кај некој што ги обвинува за некој престап, тие не користат кратки одговори како што користат повеќето луѓе. Тие одговараат со проширени реченици.

10.Прикривање на лагата

Лажговците ќе ви одговорат на прашањето користејќи ги истите зборови кои вие сте ги употребиле или ќе ви одговорат со прашање. Тоа е нивната моментална снаодлива техника за прикривање на лагата,  додека да се сетат како да ја нашминкаат целата приказна.

11.Прво лице

Ако не е потребно, лажговците нема да користат прво лице во своите изјави.

12.Нагласување на детали

Лажговците најчесто премногу ги нагласуваат деталите во својата приказна, дури и ако тоа нема никаква врска со разговорот.

13.Несвесна заштита

Многу често лажговците помеѓу себе и соговорникот ставаат некој предмет кој им е на дофат на рака (книга, лаптоп, чаша). Тоа го прават несвесно со цел да се заштитат.

14.Засилување

Лажговците сакаат да користат зборови во речениците со кои ја поддржуваат својата искреност и најчесто знаат да кажат: „Искрено ти кажувам…“

15.Промени на лицето

Ако се сомневате дека вашиот соговорник лаже во еден момент нагло променете ја темата. Ако вашиот соговорник лажел, ќе почувствувате олеснување на неговото лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП