25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се приближува на годишниот минимум

Цената на нафтата се приближува на годишниот минимум

nafta kop

Во текот на тргувањето во последниот ден од седмицава на Лондонскиот пазар, цената на барел нафта од марката Brent се симна на 52 долари за барел, пишува The Wall Street Journal.

Весникот притоа истакнува дека последен пат на ова ниво со нафтата се тргувало во јануари 2015 година, кога минималната вредност на цената на нафтата Brent изнесуваше 47,68 долари за барел.

Се забележува, исто така, дека притисокот врз пазарот е условен од објавувањето на статистичките податоци на институтот Baker Hughes, за количеството активни нафтени наоѓалишта во САД, чиј број се зголемил на 664.

„Цените на нафтата најверојатно ќе ги тестираат минималните за 2015 година. Обемот на производството е значително повисок од нивото на побарувачката, и покрај нејзиниот раст“, го цитира весникот потпретседателот на Mobius Risk Group, Џон Сосер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП