20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Mitsubishi Pajero Sport тргнува низ светот од Тајланд (фото+видео)

Новиот Mitsubishi Pajero Sport тргнува низ светот од Тајланд (фото+видео)

pajero sport

Јапонскиот производител ја претстави новата генерација на својот „SUV“ модел со 7 седишта.

„Mitsubishi Pajero Sport“ зa 2016-та „порасна“ во однос на актуелната генерација.

pajero sport1

Новиот модел е долг 4.785 mm (+90 mm), додека меѓуосовинското растојание е исто како претходно и изнесува 2.800 mm.

Овој „SUV“ ја задржа истата ширина (1.815 mm), но од претходникот е понизок за 35 mm (1.805 mm).

pajero sport2

„Pajero Sport“ има модерен дизајн со голема карактеристична маска на ладилникот на чиј централен дел доминира амблемот на овој јапонски производител.

Aвтомобилот ќе биде лесно препознатлив кога ќе се погледне позади благодарејќи на необичните вертикално обликувани стоп светла.

pajero sport3

Kога станува збор за техничките податоци, „Mitsubishi“ соопшти дека новиот „Pajero Sport“ добива погон од 2.4-литарски „MIVEC“ турбо-дизел мотор, кој веќе се користи во моделот „L200“.

Повеќе детали засега не се обелоденети, но познато е дека овој агрегат во верзијата која ќе се продава во Тајланд располага со 181 ks и 430 Nm максимален вртежен момент.

pajero sport4

Производителот откри дека за пренос на моќта се користи целосно нов осумбрзински автоматски менувач и се пофалија дека новиот мотор има помала потрошувачка, додека емисијата на јаглен-диоксид е пониска за 17% во однос на претходникот и не надминува 200 g/km.

Новиот „Pajero Sport“ на пазарот во Тајланд пристигнува наесен. Потоа ќе биде достапен и за купувачите во Азија и Австралија, Блискиот исток, Африка, Латинска Америка и Русија, додека Европа засега не е во план.

Повеќе детали можете да дознаете од промотивното видео на „Mitsubishi“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП