29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИChevron забележа најслаба добивка во последните 12 години

Chevron забележа најслаба добивка во последните 12 години

chevron 33

Американската компанија „Chevron Corp.“ забележа најнизок профит за повеќе од 12 години, откако турбулентниот енергетски пазар ја натера компанијата да ја намали вредноста на нафтените и гасните полиња со речиси 2 милијарди долари, соопштува „Bloomberg“.

Нето добивката за вториот квартал падна до 571 милиони долари или 30 центи по акција од 5,67 милијарди долари или 2,98 долари по акција во истиот период од минатата година, објави калифорниската компанија. Декларираната цена на акциите е многу под просечната оценка за 1,16 долари на 20 аналитичари анкетирани од „Bloomberg“.

Најголемиот бизнис оддел на „Chevron“ – производството на нафта и природен гас, предвиде загуба од 1,96 милијарди долари за средства и оддели уште 670 милиони долари за даноци и проекти, одложени поради отсуство на економска корист.

Продажбата на средства генерираше 1,8 милијарди долари за периодот меѓу април и јуни. Продавање е дел од планот на претседателот и извршниот директор Џон Вотсон за расчистување на средствата кои носат слаба заработа за 15 милијарди долари.

„Chevron“ изјави дека поради тековниот пад на пазарот компанијата ја намалува долгорочната прогноза за цената на суровата нафта, иако не претстави конкретни вредности. Сурова нафта, главниот индекс за повеќето меѓународните продажбачи на нафта, поевтини за 42% во однос на вториот квартал на 2014-та година во позадината на војната меѓу американските производители на нафта од шкрилци и Организацијата на земјите извознички на нафта.

Акциите на „Chevron“ поевтинија за 1,9% до 91,26 долари во тргувањето на американската берза. Пред ова акциите забележаа пад од 17% за годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП