18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРуси го купија словенечки „Елан“

Руси го купија словенечки „Елан“

elan-slovenija

Словенечкиот производител на спортска опрема „Елан“ е продаден на рускиот фонд VR Kapital и светската финансиска корпорација Merrill Lynch, но не е соопштено по која цена.

На компанијата и се закануваше стечај, бидејќи заради прописите на ЕУ не можеше и натаму да добива државна помош.

„Словенечкиот државен холдинг(СДХ) со продажбата на инвестициите во ’Елан’ се обидуваше да ги реши приликите настанати со одлуката на Европската комисија за државната помош во 2008 година“, рече претседателот на управата на СДХ, Матеј Пирц.

Тој додаде дека со тоа е овозможен понатамошен опстанок на компанијата и зачувување на што поголем број на работни места.

Елан е една од 15-те поголеми словенечки фирми што словенечката влада во 2013 година реши да ги продаде.

Досега, не сметајќи го Елан, продадени се пет од тие фирми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП