20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМачадо казнет со 100.000 евра

Мачадо казнет со 100.000 евра

macado33

Паоло Мачадо, португалскиот фудбалер во редовите на Динамо Загреб, ќе остане во клубот и покрај скандалот кој го предизвика на мечот во Лигата на шампионите против Молде.

Имено, Португалецот, во вторникот, на првиот меч од третото квалификациско коло во мометот кога излегуваше од теренот доби свирежи од трибините за лошата игра, а тој на навивачите им возврати покажувајќи им го средниот прст.

„Донесовме одлука, Паоло се извини и ќе остане во клубот и во иднина. Ќе сноси одредени последици. Разговаравме со играчите и сите сакаат тој да остане“, рекол на прес конференцијата тренерот Зоран Мамиќ.

Мачадо ќе биде казнет парично со 100.000 евра, што преставува една петтина од неговата годишна плата. Португалецот годишно во Динамо заработува 500.000 евра. Парите од казната Динамо ќе ги донира во хуманитарни цели.

„Направив голема грешка. Уште еднаш сакам да им се извинам на сите, на навивачите, на семејството, на претседателот, на мојот тактко кој дента славеше роденден. Најмногу му се извинувам на мојот син кој кога дојдов дома ме праша: Тато зошто го стори тоа?“, рекол Португалецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП