25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите на Волстрит внимателни, деловните резултати не се импресивни

Инвеститорите на Волстрит внимателни, деловните резултати не се импресивни

Wall Street Premarket

Внимателно се тргуваше на Волстрит во четвртокот поради анемичните деловни резултати и стравувањата од зголемување на каматните стапки на Фед, со оглед дека забрза растот на американската економија.

Dow Jones ослабна 0,03 отсто, на 17.745 поени, додека S&P 500 остана непроменет на 2.108 поени, а Nasdaq зајакна, пак, 0,33 отсто, на 5.128 поени.

Шест од 10 сектори на S&P 500 индексот вчера добија на вредност, а најмногу, за 0,7 отсто, зајакна услужниот сектор. Од друга страна, најмногу, за 0,6 отсто, падна енергетскиот сектор поради ниските цени на нафтата.

Вчера беше објавено дека американскиот бруто домашен производ во вториот квартал порасна за 2,3 отсто, нешто помалку од очекуваните 2,6 отсто. Сепак, тоа покажува дека состојбата во економијата не е толку лоша. Особено доколку се има во предвид дека според ревидираните податоци БДП-то во првиот квартал порасна за 0,6 отсто, а не падна за 0,2 отсто, како што покажа претходната проценка.

Забрзувањето на економијата и дава на американската централна банка причина за зголемување на каматите до крајот на годината, може би во септември, велат аналитичарите. Но, од друга страна, не им дава причина на инвеститорите да купуваат акции, со оглед дека со зголемувањето на каматите од рекордно ниските нивоа од околу нула отсто берзата би загубила поддршка која со година ја има.

„Цените на акциите на компаниите се движат во тесен распон во една или во друга насока. Нема ништо што дополнително би ги мотивирало инвеститорите да ја покренат берзата во една или во друга насока“, смета Ворен Вест, директор во компанијата Greentree Brokerage Services.

Ниту деловните резултати на компаниите не беа поттикнувачки, иако повеќето од нив известуваат за поголема добивка од очекуваното. Сепак, проценките се поставени многу ниско, поради што на компаниите не им е поголем проблем да ги надминат.

На европските берзи, пад, цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,57 отсто, на 6.668 поени, додека франкфуртски DAX порасна 0,40 отсто, на 11.257 поени, а париски CAC 0,58 отсто, на 5.04 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП