23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРК Вардар ги престави новите засилувања

РК Вардар ги престави новите засилувања

vardar zasiluvanja

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, на прес конференција, ги престави петмината нови играчи кои во преодниот рок пристигнаа во „Јане Сандански“.

Во наредните сезони ‘црвено-црниот’ дрес ќе го носат Дејан Манасков, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Хорхе Македа и Александар Деревент.

Новите засилувања дополнително ќе го кренат квалитетот на тимот, додека амбициите остануваат исти, освојување на двојната круна во домашното првенство и пласман на завршните турнири во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

„Среќен сум што дојдов тука, бидејќи имам шанса да играм во ЛШ. Сакам да играм на Ф4 со овој тим. Се надевам дека тимот е добар и се надевам дека ќе успееме да ги оствариме плановите“, рече искусниот шански репрезентативец Македа.

Покрај Шпанецот најзвучно име меѓу новајлиите во Вардар е македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

„Драго ми е дека по кратка авантура во Германија се враќам во Македонија. Драго ми е што ќе играм во Вардар во следните три години. Ми беше претставен проектот со кој Вардар ги покажа амбициите, и мислам дека годинава треба да одиме чекор понапред, да имаме и спортска среќа и да ги оствариме сите зацртани цели на клубот“, рече Манасков.

Вардаровите ракометари пред четири дена стартуваа со подготвките, а како што информира директорот на клубот Давор Стојановски екипата до недела ќе биде во Скопје, а од понеделник се сели во Крањска Гора, Словенија каде ќе остане до 13-ти август.

Потоа Врадар ќе оди во Кањижа, Србија каде ќе учествува на меѓународен турнир, а ‘црвено црната’ експедиција ќе се врати во Скопје на 17-ти август.

Во периодот од 24-ти до 27-ми август Вардар ќе организира турнир за кој во клубот се надеваат дека ќе стане традиционален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП