25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo подготвува два кросовери

Alfa Romeo подготвува два кросовери

suf alfa

За да се врати на старите позиции на пазарот, италијанскиот бренд „Alfa Romeo“ треба да оди по долг пат. Почетокот веќе беше лансиран со премиерата на моделот „Giulia“, а седанот ќе биде проследен со два кросовери.

Информацијата е на италијанскиот „Club Alfa“, од каде тврдат дека и двата идни „SUV“ автомобили ќе бидат базирани на „Giulia“, или кажано поинаку ќе делат многу од компонентите на „Maserati Ghibli“.

Поголемиот кросовер според димензиите ќе биде луксузен, додека другиот ќе биде покомпактен и подостапен. Информацијата е ограничена, но се наведува дека производството на моделите кои ќе се нудат главно во Европа, ќе биде насочено во фабриката на италијанската компанија во Мирафиори.

Клубот на „Alfa Romeo“ објави тврдење според кое Концернот „FCA“ планира враќање на марката во автомобилскиот спорт. Според информациите фабрички тим „Alfa Corse“ ќе биде ревитализирана, па ќе се натпреварува на трки.

Се очекува во најскоро време производството на познатиот, но веќе модел „MiTo“ да биде укинато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП