29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia оствари изнанадвачки силен раст на профитот во вториот квартал

Nokia оствари изнанадвачки силен раст на профитот во вториот квартал

nokia hack

Третиот најголем производител на мрежна опрема во светот – „Nokia“, забележа изненадувачки пораст на профитот за вториот квартал, потпомогнат од продажбата на софтвер со високи маржи, соопштува „Bloomberg“.

Финската компанија која во април понуди 15,6 милијарди евра за купување на францускиот конкурент „Alcatel-Lucent“, соопшти дека оперативниот профит во мрежната алка е во износ од 313 милиони евра во вториот квартал, што е еквивалентно на 11,5 отсто од приходите.

Резултатот ги надмина постигнатите од пред една година, 281 милиони евра и е доста над средната прогноза за добивка во износ од 235 милиони евра и маргина од 8,3% на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“.

Во меѓувреме приходите од продажбата на единицата за мрежна опрема достигна вредност од 2,73 милијарди евра, под пазарниот консензус од 2,84 милијарди евра.

Вкупната добивка на групата, која сепак не е меѓународните стандарди за финансиско известување (International Financial Reporting Standards – IFRS), се зголеми за 51 отсто од претходната година до 521 милиони евра во споредба со прогнозата од аналитичарите во анкетата на Ројтерс за 334 милиони евра.

Компанијата исто така изјави дека ревизијата на нејзината стратешка навигациска единица „Here“ е во напредна фаза. Во минатата недела „The Wall Street Journal“ објави дека компанијата се доближува до договор cо германските производители на автомобили „Audi AG“, „BMW AG“ и „Daimler AG“ кои за услугата ќе дадат малку повеќе од 2,5 милијарди евра. „Audi“, „BMW“ и „Daimler“ имаат намера да ги купат сите акции на „Nokia Here“ и потоа да ги поканат други меѓународни производители на автомобили да заземаат удели во компанијата.

Бизнисот со дигитално мапирање се очекува да расте брзо, велат аналитичарите. Производителите на автомобили се подготвуваат да продаваат самоуправувачки возила околу 2020-та година.

Во моментов, во овој сектор доминираат „Nokia Here“, холандската „TomTom“ и картографските услуги на „Google“. „Nokia Here“ држи пазарен удел од околу 80%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП